Репортери без граници: Културата на неказнивост за заканите кон медиумите продолжува во Mакедонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија годинава е на 90 место според Светскиот индекс за слободата на медиумите на француската организација Репортери без граници (РСФ), а во споредба со лани скокна 2 места и е во група заедно со Лесото, Молдавија, Перу и Унгарија.

Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот и дека пандемијата од Ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите. И покрај  скокот од 2 места, истото важи и за Македонија.

„2020 беше вонредна година за Северна Македонија. Парламентот беше распуштен, на власт дојде техничка влада и потоа предвремените парламентарни избори мораа да бидат одложени поради пандемијата со ковид-19 и вонредната состојба. Ситуацијата на медиумите се влоши, високи владини функционери продолжија да се закануваат и да ги навредуваат медиумите, додека се зголемија сајбер-малтретирањето и вербалните напади врз новинарите на социјалните мрежи. Сето ова ја засили вкоренетата култура на неказнивост. Истовремено, пандемијата го усложни известувањето на новинарите. Организациите кои ги претставуваат медиумите силно се спротиставија на разни предложени измени на Законот за медиуми што би овозможило државно рекламирање во медиумите. Се противат оти сметаат дека тоа може да го охрабри клиентелизмот. Министерството за правда изработува измени во Кривичниот законик со кои работата на новинарите и медиумските работници би била побезбедна“, се вели во Извештајот на Репортери без граници за Македонија насловен „Опстојува културата на неказнивост“.

Најслободни медиуми во регионот, според новото рангирање, има Словенија (36), а подобро пласирани од Македонија се и Хрватска (56), Босна и Херцеговина (58) , Грција (70), Косово (78) и Албанија (83). Во соседството единствено полошо позиционирани од земјава се Србија (93-то место), Црна Гора (104) и Бугарија (112 место).

Во индексот на РСФ, петта година по ред прва е Норвешка, а во првите пет се Финска, Шведска, Данска и Костарика. На последно место е Еритреја, следат Северна Кореја, Туркменистан, Кина и Џибути.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи