Абортусот со лекови отсега достапен на Клиника за гинекологија и акушерство

Facebook
Twitter
Email
Print


На Клиниката за гинекологија и акушерство од денеска е достапна алтернативната метода за прекин на бременоста со помош на медикаменти.

Заради својата едноставност и безбедност по здравјето на жените, медикаментозниот абортус сѐ почесто го заменува хируршкиот метод за прекин на бременоста, што се потврдува и со фактот дека со лекови се изведуваат дури 80% од абортусите во земјите во ЕУ. Исто така, во услови на пандемија, абортусот со лекови се смета за побезбедна опција за прекин на бременоста бидејќи ја сведува на минимум потребата од посета на здравствените институции со што се намалува ризикот од изложеност на ковид-19.

Во рамките на проектот, со донација од Меѓународната федерација за планирано родителство, се реновира и опреми просторија на Клиниката која ќе се користи за информирање и советување на жените за медикаментозен абортус. Испечатени се информативни брошури за пациентките и спроведена е обука на медицинскиот кадар кој ќе им ја обезбедува услугата медикаментозен абортус на сите жени кои ќе ја одберат оваа опција. На ваков начин, Клиниката ќе воспостави модел на давање услуги за медикаментозен абортус, кој во иднина би можел да се реплицира и во другите државни болници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи