Кривични за двајца прилепчани кои без дозвола се движеле за време на полициски час


СВР Битола, СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Куманово поднесоа кривични пријави против И.А.(34), А.Р.(28), М.А.(29), А.А.(42) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Р.К.(42) од с.Небрегово, прилепско, Б.С.(24) од Прилеп, Д.Ж.(43) од Прилеп, Д.А.(22), Е.Р.(21) и Т.Ј.(56) од Битола, Р.Ј.(23) од с.Пирок, тетовско, Ф.З.(29) од Гостивар, С.А.(24) од с.Трново, гостиварско, Н.И.(29) од Гостивар, Љ.А.(47) од с.Заграчани, струшко и Б.К.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во период од 16.03. до 11.04.2021 без дозвола за движење,  се движеле за време на ограничувањата дадени од Влада на Република Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 (22.00) до 05.00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи