Радарски контроли низ цела држава – казнети 395 возачи за брзо возење

Facebook
Twitter
Email
Print


Во текот на вчерашниот ден (19.04.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани биле 395 возила. Од нив, 26 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи