Филипче: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини за нареден период


Министерот Филипче денеска во Белград имаше средба со институтот „Торлак“ каде се произведува руската вакцина „Спутник“, и било договорено тој да биде стратешки партнер на земјава за набавка на вакцини за наредниот период.

„Ние за оваа година го имаме обезбедено и нарачано потребно количество  вакцини. Но, со оглед на тоа што многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска, во иднина институтот ‘Торлак’ ќе биде првото место каде што ќе се обратиме за набавка на вакцини“, кажа Филипче.

Филипче кажа дека во знак на благодарност до Србија за донацијата на вакцини, Владата ќе донесе одлука сите српски државјани да бидат ослободени од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август.

 „Многу е веројатно дека вакцината против КОВИД-19 ќе стане сезонска, а имајќи го предвид досегашното искуство и проблемите, во периодот што следи, српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини“, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничка прес-конфернеција со српскиот колега Златибор Лончар.  

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи