Царовска ги повика училиштата да ги исполнат обврските од договорот за државната матура

Facebook
Twitter
Email
Print


Откако Средношколскиот сојуз вчера реагираше дека во некои училишта не се почитува договорот со Владата за државната матура, министерката Мила Царовска денеска повика секое училиште да ја исполни обврската за интерните испити и соопшти дека Министерството, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар ги завршиле нивните обврски.

„Најголем дел од училиштата ги објавиле интерните испити, останатите имаат рок да ги објават и повикувам да се исполнат договорените елементи од матурата“, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања.

Соопшти дека од наредната учебна година во училиштата ќе бидат ангажирани повеќе од 400 образовни асистенти за работа со ученици со посебни потреби, кои ќе бидат платени директно од буџетот на МОН преку општините. Во Законот за наставници, кој е во процедура во Собрание, образовните асистенти добиваат звање соработник или можност за вработување во ресурсните центри т.е. специјални училишта кои треба да ги опслужуваат редовните. Во  моментов се спроведува обука за обучувачите на асистентите, а се направени и стандарди и правилникот за да почнат со работа од учебната 2021/2022 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи