ВИДЕО – Меморандум на МААК за обединување на О.К./ограноци на повеќе партии во Општина Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


МААК достави меморандум за обединување на О.К./ограноци на повеќе партии во Општина Прилеп околу неколку актулени теми.

Член 1

Заеднички настап во поглед на зачувување на националноста, идентитетот, јазикот, историјата, како и давање поддршка на матичните партии за што побрзо изнаоѓање на политичко решение за поништување на Преспанскиот договор и запирање на преговорите за Договорот за добрососедство со Р. Бугарија.

Член 2

Заедничко дејствување за неправедно осудените Уставобранители од 27.април и нивно што поскоро ослободување и овозможување на фер судење.

Член 3

Заедничко излагање на предлози и решенија за спас на економијата во Општина Прилеп, конкретно најзагрозените сектори во малото стопанство, занаетчиството, угостителството и сите останати економско загрозени дејности, како и земјоделието и сточарството, со посебен аспект на тутунопроизводствотото .

Член 4

Заедничко дејствување во справување со вирусот Ковид 19, со давање издржани и ефективни предлози за мерки за спречување и заштита од ширење на истиот, предлагање решенија за подобра организација на самата територија на Општина Прилеп.

Иницијатор за составување на овој Меморандум е МААК О.К. Прилеп и има за цел конечно да дејствуваме заедно, во најбитните сегменти за опстанок на општеството и Р. Македонија, а со истото, да покажеме дека имаме демократска одговорност и заеднички ставови во поглед на овие прашања.

 

Меморандумот за обединување е доставен до О.К./ограноци на:

1.ВМРО-ДПМНЕ

2.ЛЕВИЦА

3.ИНТЕГРА

4 ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

5.РОДИНА

6.ПОДЕМ

7.ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ

Одговорот го очекуваме до 24.04.2021.год. МААК ОК -ПРИЛЕП

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи