Инсталиран гасеничар, опремувањето на салата за театар и кино во Крушево станува инклузивен проект

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Мултифункционалната сала во Крушево доби гасеничар со што се овозможува хендикепирани лица да пристапат кон салата за театар и кино, како и генерално во младинскиот културен центар.

„Ја даваме целината на проектот со набавката на овој гасеничар. Со оваа алатка овозможуваме пристап за секој до салата за театар и кино, како и до сите други простории и содржини кои ќе бидат создадени по реконструкцијата на горната училишна зграда. Соработката со УНДП резултира со вакви проекти кои се навистина инклузивни“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски исто така изрази големо задоволство за набавката на гасеничарот со оглед на тоа дека самиот совет е вклучен во реализацијата на вакви инклузивни проекти.

„Проектот „Зајакнување на општинските совети“ во Крушево го продолжуваме со набавка и инсталација на оваа алатка која ќе овозможи инклузивност, односно непречен пристап на сите групи на граѓани во просторот каде што ќе се одржуваат театарски претстави и кино сала. Со оглед на фактот дека просторијата за советниците, која ќе биде опремена со опрема за пренесување на седниците во живо, е на погорниот кат во оваа зграда обезбедуваме и пристап за хендикепирани лица и претставници на здруженија на лица со посебни потреби. Чест ми е, а верувам и на сите советници, што сме дел од овој проект“, изјави претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски.

Набавката на гасеничар е во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи