Кралицата Елизабета Втора денес полни 95 години, најтажниот роденден без сопругот Филип

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Британската кралица Елизабета Втора денеска го прославува 95. роденден, оваа година на поинаков начин, првпат без сопругот принцот Филип кој почина неодамна, и втора година по ред без традиционалната воена парада, која нема да се одржи поради пандемијатата.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврдил дека ниту оваа година, нема да има почесна стрелба од лондонскиот Хајд парк, како ни јунска прослава на родендените познати како „Поздрав на боите“.

Во 1952 година, со само 25 години, таа седна на престолот по чиста случајност. Ако нејзиниот чичко, кралот Едвард VIII не се откажал од тронот поради љубов, нејзиниот татко немало да стане крал, ниту таа би ја добила големата одговорност, која ја извршува со најголема сериозност, патриотизам и истрајност.

Кралицата Елизабета Втора е еден од најдолго владеачките монарси во историјата. За време на владеењето, британското општество претрпе енормни промени. Монархијата во ерата на Елизабета преживеа добри и лоши времиња, венчавки од соништата и разводи, скандали, економски кризи и војни. Но, и покрај сите афери и дилеми околу смислата на постоењето на конституционалната монархија, најголем дел од Британците ја сакаат својата кралска фамилија и посебно кралицата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи