ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Прилеп кој важеше за најчист град денес се распаѓа на сите страни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес е 22 април, Меѓународниот ден на планетата Земја кој секоја година се одбележува ширум светот преку разни манифестации и акции, со цел да се подигне јавната свест околу зачувување на животната средина. Прилеп кој некогаш важеше за најчист град во Македонја и пошироко, денес се распаѓа на сите страни. Истакнаа во денешното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Иако градоначалникот Јованоски во предизборната кампања ветуваше различни проекти од областа на екологијата, како и за скоро сѐ останато, истите накрај испаднаа само лажни ветувања.

Прилепчани добро знаат дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа изградени над 200.000 м2, нови парковски површини, кои сегашната локална власт не е способна ниту да ги одржува, не пак да изгради свои.

Што се случи со ветувањата на Јованоски за расчистување на сите диви депонии, редовното пошумување на планините и ридовите околу градот, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје, депонија „Алинци“ по највисоки европски стандарди, ревитализацијата на постојните парковски површини, засадување на различни автохтони видови дрвја по улиците Моша Пијаде, Ѓорче Петров, Бул.Гоце Делчев и во другите населби, како и останатите проекти од областа на екологијата?

Голем дел од населбите во Прилеп и понатаму немаат канализација, се гушат во смет и смрдеа, а на регионалните правци никнуваат диви депонии.

После завршување на мандатот на Јованоски и смена на локалната власт, се обврзуваме да го вратиме препознатливиот сјај на градот, затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи