Заев: Шекеринска е моја другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството, јас ќе соработувам со неа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во врска со повлекувањето на Радмила Шекеринска од местото заменик-претседател на СДСМ, рече дека донеле заднички договор за да се отстапи простор за избор на нови луѓе.

„Шекеринска не поднесе оставка од позицијата заменик претседател на СДСМ, таа најави дека нема намера да се кандидира за трет мандат.Нејзината одлука ја почитувам.Таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата.Таа е мој другар, другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството или во СДСМ јас со неа ќе соработувам.Јас и Радмила и огромен процент од нашето членство се договоривме дека треба да го обновиме раководството и да се даде шанса на нови луѓе“, изјави Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи