Од први мај електронски упис на првачињата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачињата. Новата услуга е достапна на порталот uslugi.gov.mk и родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Новата дигитална услуга денес ја промовираше министерката за образование и наука, Мила Царовска заедно со претставникот на британската амбасада во Скопје-Ричард Малион, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска – Сачмароска и со Стефан Богоев градоначалникот на општина Карпош при посетата на ОУ „Вера Циривири Трена“.

„Оваа година благодарение на Центарот за управување со промени (ЦУ) и Британската амбасада голем дел од услугите кои ги нуди МОН се дигитализираа, а посебно сум горда на оваа услуга која го олеснува пристапот на родителите кон упис на нивните деца и наши ученици во образовниот систем. Тоа ќе го направат со прикачување на сите потребни документи и откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик“ , вели Царовска.

Услугата за електронски упис на првачиња е големо олеснување и за администраторите во училиштата, бидејќи наместо нив, податоците за секој запишан ученик се внесуваат автоматски во ЕСАРУ системот на министерството каде се води евиденција за сите училишта во државата. За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки кои започнуваат уште утре.

За оние родители кои поради било каква причина немаат можност да ја искористат оваа електронска услуга, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи