Програма за социјална поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На територијата на општина Кичево, во населби каде што во поголем број живее Ромско население, се спроведува истражување ко е ги зема во предвид условите на живеење, домување, вработување и образование на Ромското население во Кичево.

Истражувањето ќе се користи понатаму како основа врз која ќе се изработи програма за социјална поддршка, а која ќе им помогне на Ромското население како и на други лица кои живеат во сиромаштија во општина Кичево.

Во рамките на овој проект покрај истражувањето се реализираат и состаноци за  зајакнување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации, се работи на градење на капацитетот на работните групи за пишување и имплементирање на проекти преку менторски процес, и обезбедена е правна поддршка за добивање на лични документи и аплицирање за социјална програма.

Проектот „Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка“ го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, во соработка со Општина Кичево, а финансиран e од Сојузна канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи