Царовска: Стипендии од 3500 денари за учениците од дуалните паралелки, од есен стартуваат 97 дуални паралелки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Околу 2 000 ученици од дуалните паралелки во средните стручни училишта од септември ќе добијат стипендија во висина од 3 500 денари месечно, најави министерката за образование и наука Мила Царовска, во интервју за ТВ Алсат.

Министерката истакна дека од есен ќе стартуваат 97 дуални паралелки.

Конкурсот за упис во средните стручни училишта е направен врз основа на потребите, утврдени во социјален дијалог меѓу училиштата, локалните самоуправи и компаниите, посочи Царовска, според која, некои струки ќе се исфилтрираат и модернизираат за да одговараат на потребите на реалниот сектор, а во исто време да бидат атрактивни за младите.

Министерката ги повика сите деветтоодделенци, согласно нивните афинитети и можности да го изберат образованието, а при изборот е важно да ја следат тенденцијата на пазарот од една страна, а од друга страна и можностите за вработување и нивно афирмирање во нашата држава.

„Во наредните четири-пет години треба да стигнеме до еден современ модел на средно стручно образование. Ние сме во процес на воспоставување на регионални центри за средно стручно образование. Тие центри треба да овозможат верификација на стекнатото неформално образование и формалното средно образование и полека да го организираме системот да може да ги остручи учениците и пласира на пазарот на труд, ако сакаме да се развиваме. Без човечки потенцијал државата неможе да има развој“, истакна Царовска.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи