ВИДЕО – 10 години Спомен дом – Тоше Проески, досега го посетиле над 700.000 гости

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пред точно 10 години во Крушево на денешен ден се стави во употреба Спомен домот на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Од тогаш па се до денес тој е најпосетуваниот музеј на Балканот. За една деценија Спомен домот го посетиле над 700.000 туристи од целиот свет. Со изградбата на Спомен домот се оддаде почит кон личноста која како никој досега ги освоила срцата на сите народи на Балканот со својата музика, љубов и верба во Бог.

„Домашни странски посетители, државни и странскии делегации, фанови, обожаватели го посетиле овој музеј. Ја почувствувале љубовта, среќата и тагата. Ја почувствувале исполнетоста на овој музеј со неговите предмети, но и празнината“, рече Бети Талеска, в.д. директор на Спомен дом Тодор Проески.

Во изминативе 10 години тука се одржиле голем број настани, концерти, работилници, промоциии на книги, поетски читања, хуманитарни настани, крводаротелскии акции, модни ревии. Спомен домот е верен чувар на ликот и делото на Тоше.

„Изложени се околу 350 предмети кои го претставуваат ликот и делото на Тоше. Најголемиот впечаток, најсилен впечаток на посетителите е целокупната приказна. Емоцијата и солзите на посетителите се најголемата пофалба за постоењето на овој музеј“, додаде Талеска.

Лани се изгради и ново вечно почивалиште за Тоше, но за жал објектот уште нема технички прием.

„Со изведувачите сме секојдневно во комуникација заради надминување на проблемите кои ни се јавуваат. На пример преку водата, дождот, временските прилики, па се појави влага, имаше проблеми со дограмата на објектот“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Инаку Спомен домот во 2011 година беше прогласен за најдобро архитектонско дело на меѓународниот конкурс во Барселона.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи