Глобален настан „Управување со животите во новата нормалност: НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД”

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пандемијата со КОВИД-19 ја обелодини вистината дека како што рекол Мартин Лутер Кинг – Можеби доаѓаме од различни бродови, но сега сите сме на истиот брод, потсетувајќи не дека за да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме неопходно е да соработуваме без разлика кои сме, од каде сме, во која земја и на кој континент се наоѓаме.

Борејќи се со вирусот кој станува се посилен и поотпорен, постојано во потрага по можности кои ќе ја намалат сиромаштијата, нееднаквоста и неправдата, Индија креира мост кој не поврзува сите нас, повикувајќи на заедничка соработка за креирање решенија за подобро утре.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес имаше чест да биде дел од глобалниот настан „Управување со животите во новата нормалност: НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД” на кое свое обраќање имаше Проф. Мухамад Јунус- Добитник на Нобелова награда за мир во 2006 година.

Над 1000 учесници од секаде во светот допреа до животниот пат и борбата на овој човек, познат во светот како “Банкар за сиромашните”, кој преку социјално претприемништво и лидерство креирал социјално фокусиран финансиски систем помагајќи им на милиони сиромашни луѓе да имаат подобар живот.

Пандемијата со КОВИД-19 ја продлабочи постојната нееднаквост, гладот, социјалната неправда и сиромаштијата, дополнително создавајќи егзистенцијален притисок и страв кај најмаргинализираните и сиромашните. Податоците покажуваат дека голем дел од луѓето кои живееле во сиромаштија со 5.5УСД за ден, сега веќе живеат со 2.5 УСД на ден, а дури и помалку. Економската лоша ситуација ги оневозможува грижата и здравствената заштита за најранливите, истакнувајќи дека живееме во нееднаков и неправеден свет каде СЕКОЈ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ НЕМА ИСТА ВРЕДНОСТ. Нерамномерната дистрибуција и ограничениот пристап до вакцини, ги стави луѓето во помалку развиените земји во подредена положба во споредба со  луѓето кои живеат во развиените земји. Нееднаквоста ги рашири своите граници па неможеме да најдеме вистински поими за компарација за да ги пресметаме нееднаквите можности и да најдеме потпорна точка за напредок.

Глобалниот правен и финансиски систем ги штити само богатите, ако си богат те наградува, но доколку си сиромашен – тогаш ти си невидлив за системот и тој те лишува од сите можности за подобар живот. Потенцирајќи го фактот дека 99% од светската популација поседува само 1% од светското богатство, а 99% од светското богатство е во сопственост на 1% од светската популација, и дека и покрај борбата за намалување на загадувањето и борба со климатските промени, сепак најголемите инвестиции се насочени кон најголемите загадувачи, неопходна е потребата за соработка и заедничка борба за искоренување на сиромаштијата и еднакви можности за сите луѓе во светот.

Водејќи се од мотото “Да правиш пари е среќа, но да ги правиш другите луѓе среќни е супер среќа” ,  свесен дека сиромаштијата е креирана од системот кој е нефункционален на глобално ниво, тој во оваа пандемија гледа можост за вистинско обединување на луѓето на глобало ниво и создавање на функционален правен и финансиски систем кој ќе обезбеди намалување на нееднаквоста, искоренување на сиромаштијата, социјална правда, намалување на загадувањето и поголема отпорност на климатските промени.

„Kога сите птици бегаат од бурата, орелот лета во неа и ја користи бурата да се издигне повисоко”.

Нека сегашната бура биде причина да се обединиме на глобално ниво и да бидеме лидери за подобро утре.

Автор: Марина Тошеска ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи