Груби и Николовски: Рамковните земаат плата иако не работат ништо, така што нема да има финансиска штета за Пазарниот инспекторат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Попладнево во заедничко соопштение, вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски се огласија за прераспределбата на рамковните вработени и потсетуваат дека со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, 1.349 вработени се распределија во вкупно 237 институции.

Груби и Николовски велат дека Министерството за финансии е задолжено да одобри пари за 104 нови вработување за сите инспекторати. Исто така, тие посочуваат дека овие луѓе веќе земаат плата, иако не работат ништо така што Пазарниот инспекторат нема да има плус финансиски импликации.

„Вработените се распоредуваат во друга институција од јавен сектор на соодветно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови. Овие лица се веќе вработени, за нив не се потребни дополнителни финансии, Владата нема очекувања ниту побарувања распределените лица во Инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но Владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на различни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен финансиски трошок“, велат Груби и Николовски.

По премиерот Зоран Заев, кој се налути дека Пауновски не сака да прими 23 од прераспределените 35 рамковни вработени, и вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски му порачаа на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) дека мора да ги вработи сите 35 рамковни административци. Тие на Пауновски во заедничкото соопштение му цитираа членови од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, кои тој со своето непостапување и изјави во медиумите ги прекршил.

Николовски и Груби велат и дека премиерот Зоран Заев вчера имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел, како што велат, изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот.

„Согласно членот 6, носителите на извршни функциите слободно и отворено ги изразуваат ставовите во врска со предложените политики, но солидарно ги поддржуваат владините политики и одлуки откако тие ќе бидат донесени, а во своите јавни настапи политиките ги презентираат во согласност со овој Кодекс“, му посочуваат Груби Николовски на директорот Пауновски.

Заев рече дека Пауновски не може јавно да се препукува со него и со вицепремиерот Артан Груби и затоа на наредната владина седница вицепремиерот Љупчо Николовски ќе побара негово разрешување.

По оваа најава, инспектори од сите градови се мобилизираат и потишуваат петиција, во која бараат средба со Заев и итно повлекување на одлуката за разрешување на Пауновски, за кого велат дека во изминативе три години ја направил институцијата функционална и респективна.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи