Мојсовски: Три милиони евра од државен буџет за спроведување на спортски активности за време на пандемија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Три милиони евра, односно 184.5 милиони денари од државен буџет ќе се насочат кон спортските субјекти на кои е издаден спортски ваучер, согласно законот за спорт.

Ваквата мерка на Владата и Агенцијата за млади и спорт е резултат на континуираното вложување за подобри спортски услови и непречено спроведување на активностите на спортистите во време на тешки услови во пандемијата на коронавирусот, изјави директорот на АМС, Наумче Мојсовски на денешната прес конференција.

„За 2021 година се предвидени 184.5 милиони денари, односно 3 милиони евра од државен буџет за спортските субјекти кои имаат спортски ваучер согласно законот за спорт. Досега, 660 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти добиле таков ваучер. Средствата на буџетот на Република Северна Македонија се дел од програмите за справување со Ковид-19 и неговите последици. На оние спортски субјекти на кои им е издаден ваучер ќе бидат уплатени најмногу 33 отсто од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена на официјалната листа на спортски субјекти на страната на АМС“, најави Мојсовски.

Во однос на постапката, Управата за јавни приходи ќе достави листа од АМС за спортски субјекти корисници на спортски ваучер кои имаат одобрено барање за даночно ослободување и донирање на финансиски средства на спортските субјекти, а веднаш потоа следува евалуација на листата на спортски субјекти и износ на користење на остатокот од ваучерот издаден за 2021 година. Конечната листа ќе биде доставена до генералниот секретар на Владата.

„Драги спортисти и вљубеници во спортот, Владата и Агенцијата за млади и спорт, континуирано вложуваат во спортот, со што се создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти.

Тука сме со поддршка и сега, во време на пандемија, да направиме сѐ за да овозможиме развој, поголем простор и повеќе средства за нови спортисти и рекреативци. Ветивме дека спортот ќе го добие своето заслужено место и поддршка и тоа го остваруваме.

И во време на здравствена и економска криза, силно сме посветени на изнаоѓање решенија со коишто спортот и сите спортски работници, во континуитет ќе бидат поддржани со цел да може да функционираат непречено“, вели Мојсовски.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи