Сејдини на средба со градоначалникот на Прилеп: Ние како општина сме исклучително задоволни од соработката со ФФМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на У.О. Марјан Стојкоски денеска во „Kуќа на фудбалот“ оддржаа состанок со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. На конструктивниот состанок претставниците на двете институции разговараа за понатамошна соработка која се однесува на идна поддршка на федерацијата поврзана со фудбалската инфраструктура во Прилеп.

Фудбалската федерација на Македонија во август лани со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше и целосно го заврши поставувањето на нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, а исто така, постави и целосно ново рефлекторско осветлување на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

„Се радувам на продолжувањето на соработката со Фудбалската федерација на Македонија. Ние како општина сме исклучително задоволни од соработката со ФФМ. Раководството и Управниот одбор на федерацијата навистина прават големи напори стадионот во Прилеп да биде репрезентативен со целосна категоризација за одигрување меѓународни репрезентативни и клупски натпревари.

Ги прифаќаме и забелешките и сугестиите за потребата од квалитетно одржување на теренот и завршување на финалната фаза од работите во потрибинскиот простор за конечно стадионот да го добие својот вистински фудбалски лик.

Исто така, за нас е важни и реакциите од нашите сограѓани кои позитивно гледаат на целиот проект и сите заедно со нетрпение го очекуваме првиот натпревар на ФК Победа на новиот „Гоце Делчев“. Се разбира, заедно да ги бодриме кога ќе заврши пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Заедно со ФФМ и ОФС Прилеп потврдивме дека ја подобруваме фудбалската инфраструктура и ќе продолжиме во таа насока. Оваа прилика ја користам и да упатам честитка до Муамед Сејдини и Управниот одбор за нивниот избор во ФФМ и да им посакам успешна работа во иднина“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи