Прилепчанец починал додека возел, па направил сообраќајка?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Шеесетгодиншник од Прилеп починал веројатно додека го управувал својот автомобил непосредно пред сударот со друго возило. Вчера во 15.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул. „Јоска Јорданоски“, патничко возило „мицубуши колт“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (60) од Прилеп, удрило во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш. од Прилеп.

Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н., кој според пријавеното имал здравствени проблеми. Увид на местото извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител, а за да се расчисти целата ситуација била издадена наредба телото на починатиот било предадено на семејството.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи