Тутунарите бараат Заев да го исполни ветувањето за просечна цена од 180 до 185 ден. за килограм, во спротивно најавуваат протести

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Новоформираните 4 тутунски здруженија денеска го потсетија премиерот Зоран Заев да го исполни даденото ветување за просечна цена од 180 до 185 денари по килограм, биидејќи до денес немале добиено одговор на нивното барање.

„Како новоформирани здруженија во кои тутунарите се повеќе имаат доверба во нашата посветеност за борбата против неправдите кои им се случуваат во моментов, како и секогаш така и сега доколку не си стоите на зборот, ние први ќе повикаме на протест.

Имајќи ја во предвид пандемијата со ковид кризата, ви даваме во текот на наредната недела последна шанса јавно да одговорите кога и како имате во план да го исполните Вашето ветувње кое преку нас им го дадовте на тутунарите.

Не сакаме да помислиме дека Вие во својство на премиер не излажавте или не дај Боже само не изманипулиравте. Затоа како одговорни субјекти Ви даваме можност да се произнесете во спротивно нашите пари ќе си ги бараме на протести“, се вели во дописот на новоформираните 4 тутунски здруженија.

 


Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи