„Витаминка“ донира пакети производи за 450 здравствени работници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против Ковид-19. Секој од здравствените работници од овие одделенија во јавните здравствени домови, во пресрет на Велигденските празници доби по пакет производи од Витаминка и пакет масло Брилијант. Од компанијата велат дека целта на донацијата е да ја искажат својата поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со состојбата со пандемијата.

„Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои во целиот овој период, тие се најмногу изложени на ризик од болеста а истовремено се единствените што можат да ја дадат негата за болните од Ковид-19. Освен поддршката за нив, што треба да биде постојана, можеме да помогнеме само со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. Витаминка, својата поддршка ја изразува и преку оваа донација и уште еднаш ја искажуваблагодарноста за нивната работа и пожртвуваност”, велат од Витаминка.

Од почетокот на пандемијата Витаминка три пати донираше пакети со производи за медицинскиот персонал во одделенијата каде се згрижени пациенти со Ковид-19,а во повеќе наврати медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија.


Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи