СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп отвора две дуални паралелки за текстилно-кожарска и рударско геолошка струка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Оваа година СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп во учебната 2021/22 година ќе отвори две дуални паралелки за два профили текстилно-кожарска и рударско геолошка струка. Дуалното образование нуди одлична можност во процесот на учење, учениците да се стекнат со вештини кои се клучни за работа на терен.

Дуалното образование нуди и перспективи за полесно вработување, оспособување, стекнување работни навики и стручна спремност. Компаниите бараат нови образовни профили кои ќе одговорат на потребите на бизнис секторот. Покрај тоа што и досега соработувавме со некои од компаниите за обавување на феријална пракса, компаниите сега прават нов чекор, бараат отворање на нови образовни профили кои се потребни на пазарот на труд“, велат од СОУ Ѓорче Петров“.

Училиштето склучи договор за соработка со компаниите Комфи Ангел ДОО Прилеп, Кули ДОО Прилеп и Хатра ДООЕЛ Прилеп за текстилно кожарската струка со образовен профил техничар за изработка на облека / техничар за моделирање на облека.Додека со компанијата Крин КГ ДОО Прилеп склучен е договор за геолошко- рударска и металуршка струка за профил ракувач со рударски машини.

„Компаниите ќе учествуваат во подготвувањето на програмата за реализирање на наставата за теоретскиот дел и ги отвораат вратите за практичниот дел. Преку континуирана пракса учениците ќе бидат солидно едуцирана работна рака во компаниите, но и ќе стекнат знаење доколку сакаат да го продолжат образованието на соодветните факултети.Од година во година помал е интересот за упис во овие струки ,но со новиот модел за дуално образование се нудат нови перспективи, вработливост, знаење, стипендирање .МОН на учениците кои ќе се запишат во овие струки им обезбедува стипендирање ,а истото тоа го спомнаа и компаниите. #Учи паметно, работи стручно“, додаваат од СОУ „Ѓорче Петров“.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи