Разговор со Ангела Младеноска, модел кој инспирира женственост, претприемач со свој бренд Angie M

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ангела Младеноска е горд сопственик на прекрасниот Angie M. бренд. За Инфо Компас, таа раскажува како се родила идејата за нешто вакво, што нуди брендот и како опстана истиот низ историското време кое го поминуваме со пандемиската криза. Како ја одржува линијата на телото, каква физичка дисциплина е потребна и многу повеќе, прочитајте подолу.

Ангела е млада инспиративна девојка која со својата природна и уникатна убавина работи на бројни македонски и интернационални проекти. За себе вели дека не се штеди, дека младите имаат енергија и идеи и не би требало да се ограничуваат на една работа, бидејќи животот така би бил премногу досаден, па затоа треба да се даде шанса на сè што има потенцијал.

 

  1. Која е Ангела Младеноска во моментов и кон што се стреми да постигне?

Ангела Младеноска е пред сè, нормална девојка, но воедно и перфекционист кој настапува одговорно кон своите обврски и сака нови предизвици упорно стремејќи се да ги оствари сите свои цели и идеи/замисли. Специјалист по дигитален маркетинг со магистратура во истото поле, млад претприемач кој има свој бренд Angie M, и модел чија желба е да инспирира женственост. Што се однесува до маркетингот, секојдневно се надградувам (од учење никогаш не e доста, нели?), секогаш може да се научи нешто ново и интензивно работам на различни интернационални маркетинг проекти.

За брендот Angie M најпрво се стремиме да бидеме претпознатлив бренд по својата уникатност и квалитет во Македонија, на регионално, па и на светско ниво. Што се однесува до моделингот, сакам да бидам најдобра верзија од себе, по можност да отпатувам уште во некоја земја каде ќе се фотографирам за интересни познати брендови. Можеби ќе ви изгледа невозможно како успевам да се справам со толку многу професии, но кога работите се прават со љубов и имате добра организација, може да се постигне апсолутно сè. Млади сме, имаме енергија и идеи и не би требало да се ограничуваме на една работа, мислам дека животот така би бил премногу досаден, па затоа давам шанса на сè што сметам дека има потенцијал.

Во иднина од мене може се очекуваат доста интересни проекти за кои напорно работев периодов. Но не би сакала да откривам сè :).

  1. Како започна твојата приказна како модел? Какви беа реакциите на твоите најблиски, а и на сограѓаните?

На 14 годишна возраст бев пронајдена во Прага од модни агенти кои работеа во тоа време за модната агенција од која беа дел познатите топ-модели Ева Херцигова и Каролина Куркова. Додека престојував во Прага го прифатив предизвикот и отидов на кастинг во модната агенција, а одговорните лица веднаш сакаа да започнам да работам за нив. Во тоа време бев многу млада, не бев доволно зрела за да можам сама да донесувам одлуки, па во тој период моите родители одлучија дека јас треба да се вратам во Македонија да го завршам средното образование. Тоа и се случи, се вратив и запишав средно училиште во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, каде по две години школување заминав во Америка како студент за размена на студии и го завршив своето средно образование во странство. Потоа се вратив во Македонија и по долго двоумење дали да се запишам на моден дизајн или маркетинг, сепак на крај се одлучив за второто кое исто така е доста креативна работа. Ги завршив своите додипломски и постипломски студии во Скопје. Во меѓувреме добивав доста понуди од различни модни агенции, како и за учество во различни модни проекти во Македонија и пошироко, но мојот најголем фокус во тоа време беше моето школување. Тој период, на моделингот гледав како хоби, а прифаќав само понуди кои сметав дека беа интересни за мене во тоа време.

Но, последниве 4 години сум доста активна во тој дел, откако сум дел од најдобрата модната агенција Models In Managment во Скопје. Откако почнав поинтезивно да се занимавам со моделингот добив понуда од модната агенција Indastria Model од Милано со која потпишав договор и овој пат не се двоумев, не сакав да ја пропуштам оваа шанса и заминав да го доживеам и тој предизвик. Верувам во тоа дека ништо не е случајно, дека сè се случува со причина. Овојпат моите родители и мојата сестра, како и сите мои блиски луѓе беа овде да ми дадат целосна поддршка, и се уште се тука да како столб и извор на енергија во сè што работам.

  1. Телото и ставот се она што е пресудно за успешен модел. Како ја одржуваш својата линија? Дали дисциплината ти е животна навика?

Дефинитивно дисциплината е моја животна навика, не само за да изгледам убаво, но и да се чувствувам подобро, поенергично, поздраво. Преферирам колку што можам да сум физички активна, вежбам 4-5 пати неделно, некогаш знам и два пати во денот еднаш на наутро, еднаш навечер.

Мислам дека колку повеќе трошам, толку повеќе имам енергија! Три пати во неделата вежбам зумба, а останатите денови трчам, возам ролери, тенирам фитнес, вежбам full body work out, бидејќи како во професијата, така и во вежбањето, сакам да правам промени и да испробувам речиси секакви комбинации.

Гледам колку што можам повеќе да се хранам здраво и да внесувам доста овошје, зеленчук и протеини, како и да пијам 2,5-3 литри вода на ден. Слатките задоволства ги заменувам со здрави благи супститути како колачи од житарици, суво или свежо овошје, јаткасти плодови и слично, иако мора да признаам дека слатките ми се омилениот дел од исхраната, но знаејќи дека доста влијаат врз тежината и здравјето, ги избегнувам.

  1. Како изгледа едно снимање од светски ранг? Можеш ли да ни доловиш барем малку од атмосферата?

Доста кастинзи, проби, добра организација и многу часови снимање. Најпрво секој сет започнува со шминка и фризура, ве средуваат во зависност од тоа што сака клиентот да долови, а кога се работи за снимање на реклама или филм следи фокус на облеката. Снимањето може да бара промена на неколку аутфити (комбинации), а доколку се работи за фотографирање на нови колекции тоа може да биде промена на многубројни парчиња на облека, што значи дека едно снимање може да трае и повеќе од 12 часа.

Но, ништо не е тешко кога сте психички/физички подготвени и имате искуство знаејќи што ве очекува.

  1. Која облека би рекле дека ви е најголем предизвик да ја „износите/претставите“ и во што се чувствувате најсамоуверено?

Најголем предизвик ми е да носам некој уникатен фустан составен од ексцентрични моменти кои бараат совршена позиционираност на телото како би се доловила нивната екстравагантност и софистинциранот. Но јас, како личност која сака предизвици, обожавам кога ќе пристигне ваква понуда и ќе треба да се ставам во еден таков мајндсет кој бара есктремен фокус и посветеност.

Најсамоуверено се чувствувам во тесни фармерки, хеланки, топче и костим за капење. Практично, секое парче кое го исцртува женското тело, сè она што го нудиме во брендот Angie M.

  1. Што мислите за македонската модна сцена? Во каков правец се движиме и дали ни е потребно повеќе труд и следење на светските трендови, или можеме да се пофалиме со нешто карактеристично, но сепак модерно?

Во последните 2-3 години сметам дека македонската модна сцена се движи во нагорна линија. Има неколку млади дизајнери кои се трудат со своите колекции да остават поинаков впечаток, да се разликуваат и постојано да лансираат нови колекции што ме воодушевува, затоа што мора да се признае дека е тешко посебно во ова време да се одржи тој континуитет. Се случило и некои светски познати модни брендови да ископираат идеи од нашите почнувајќи од самите дизајни на моделите до целосна идеја на фотосесијата. Што значи дека може да се пофалиме со доста квалитет и спечифичност, но потребна е дополниелна мотивација како и поддршка за понатамошно градење на самите дизајнери.

  1. Горд сопственик на прекрасниот Angie M бренд. Како се роди идејата за нешто вакво, што нуди брендот и како опстана истиот низ историското време кое го поминуваме со пандемиската криза?

Angie M. е уникатен, софистициран и модерен бренд кој создава свој моден печат, стремејќи се да стане еден од водечките брендови на домашно и светско ниво. Главниот фокус на брендот Angie M. е рачната изработка на костими за капење, облека за на плажа и спортска облека. Мисијата на Angie M. е да направи секоја жена да се чувствува самоуверено и исполнето, истакнувајќи ја нејзината убавина преку деликатните материјали и внимателно позиционираните кроеви.

По долг период исполнет со истражување, планирање, како и разработка на идејата, таа дојде до конечна реализација. Идејата беше целосно јасна во мојата глава, почнав сè да ставам на хартија и полека да ја составувам стратегијата и дизајнот за брендот Angie M. Идејата за основањето на овој бренд и креирање на костими за капење и облека за на плажа настана уште пред три години, кога посакав да си купам некој уникатен модел на костим за капење кој ќе биде поразличен од останатите, во кој ќе се почувствувам женствено, привлечно и модерно. Таков модел не успеав да пронајдам. Бев во комуникација со неколку странски компании кои се занимават со текстил и шиење на модели по нарачка со кои сакав да започнам соработка на подолг период.

Но, во меѓувреме, настана еден прекрасен пресврт каде се случи соработката со познатиот македонски дизајнер Занов за неговата тогаш, најнова колекција, за која бев заштитно лице. Од самиот почеток се забележа таа негова посветеност, професионалност и љубов кон она што го работи.

Од тој момент започна сè… Му ги објаснив моите идеи, модели, замисли, а тој веднаш ме разбра што е она што сакам да се постигне со брендот Angie M. Веднаш се фативме за работа. ​Желбата, ентузијазмот и новите предвизици ни ги отворија хоризонтите за заедничка соработка без многу размислување. Но, таа соработка не застанува таму.

Веќе започнавме со подготовка на следната пролет/лето колекција. Очекуваме оваа линија да достигне уште поголем успех и да внесе нова димензија во модерниот свет на понежниот пол.

  1. Омилен дел од твоето тело.

Секој дел од телото :).

  1. Дали се живее од мода?

Да, може да се живее од модата, особено во странство каде секојдневно имате ангажмани. Но, и нашата држава постепено го следи тој тренд на пораст на ангажмани на интересни проекти како од Македонија така и странски проекти кои сè почесто се снимаат на нашите простори.

      10. На 50 години сакаш да изгледаш како која личност?

Naomi Campbell.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи