Кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

По приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори, Филипче соопшти дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул.

„Тоа што ние очекуваме да стигне во следниот период се кинеските вакцини и тоа во петок најверојатно рано наутро од Белград. Веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи