Кога ќе биде Литургијата за Велигден, за вакцините, за „чипирањето“, како е да се прележи Ковид 19 и признавањето на МПЦ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


За Велигден ќе има Литургија после полноќ, како и секоја година. Според Владиката Петар нема опасност да се заразат граѓаните во црквите затоа што чинот кој се одвива пред Литургијата се одвива на отворено и на него присуствувало мнозинството од граѓаните, а потоа на Литургијата не биле присутни ни 10% од тие кои претходно биле во дворот на црквата.

Митрополитот Петар препорачува граѓаните да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19 и препорачува почесто да се тестираат доколку почувствуваат некои симптоми за да не дојде потоа до несакани последици од болеста. Митрополитот зборува и за тоа како тој лично го прележал Ковид 19.

Според него секој човек треба лично да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Кога ќе поминел извесен период, ќе се проверел и ако и тој немам доволно антитела вели дека ќе се вакцинира и не гледа никаков проблем во вакцинирањето. Смета дека се претерани ставовите дека со вакцинирањето ќе се внеси кај човекот некој чип, односно дека ќе се чипираат луѓето.

Вели дека наместо да се занимаваме со толкување на Откровението подобро за нас како Христијани би било да се занимаваме со нашето спасение, да мислиме на исповед на гревовите и да се причестуваме.

Повеќе околу ова и други актуелни теми како што се барањето на воведувањето на веронаука во училиштата, до каде е признавањето на МПЦ од страна на Вселенската Патријаршија, погледнете подолу во интервјуто.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи