ССМ: Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон.

Според ССМ, потребна е заедничка акција на претставниците на работниците и на работодавачите во насока на подигнување на јавната свест за здравите и безбедни услови за работа. Неопходно е и ефикасно делување на инспекциските служби со цел навремено да се откријат слабостите кои треба да се заменат со решенија за унапредување на здравите и безбедни работни места.

„Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на заедничко, брзо делување на сите релевантни чинители затоа што од сите нас, без исклучок, зависи дали во периодот кој ни претстои ќе бидеме на висината на задачата да преземеме активности кои ќе обезбедат опстанок“, изјави секретарот на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, Златко Цветковски на денешната прес-конференција.

Во изминатиот период, прогласување на Ковид-19 за професионално заболување и исплата на 100 проценти плата за заболените побараа и Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи