Хелсиншки: Да престане манипулацијата на децата за политички цели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Хелсиншкиот комитет во врска со бројните реакции во врска со контроверзниот Закон за дигитални учебници упатува на законската одредба која дефинира дека „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

„Најавената дигитализација на образованието, како дел од реформите кои треба да го модернизираат образовниот систем согласно современите светски текови, предизвикува бројни реакции во јавноста, но очигледна е и инструментализацијата на ова прашање во политички цели.

Притоа, децата се подложени на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба која ја наметна пандемијата со КОВИД-19 во однос на нивната едукација и секојдневното функционирање. Денешниот бојкот на наставата на средношколците очигледно е дел од таквите злоупотреби, што е потврдено и од страна на Сојузот на средношколци, кој посочува дека ова здружение не е организатор на бојкотот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста.

Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку  претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата , Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба. Токму затоа, ги повикуваме сите релевантни фактори во државата да ги изземат децата од своите политички активности, да преземат мерки за нивно точно и навремено информирање и на прво место да го стават интересот и добробитта на детето.

Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ,,Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’’, стои во соопштението од Хелсиншки комитет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи