28 април – Меѓународен ден на безбедност и здравје при работа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


И оваа 2021 година, Меѓународниот ден на безбедноста и здравјето при работа –28 април, го одбележуваме во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на новиот корона вирус COVID-19.

Позади себе ја имаме 2020 година, година кога една нивидлива закана ја клекна на коленици целокупната човекова цивилизација и на човекот директно во лице му покажа дека секогаш природата ја има последната реченица. Во ова, за сите нас мошне тешко и комплицирано време кога се соочуваме со сериозна опасност по нашето здравје и живот, како кај нас така и буквално низ целиот свет, владите во сите држави, работниците и работодавачите се изложени пред огромни и неочекувани предизвици, обидувајќи се на најсоодветен начин да се заштитат и да се справат со заканата од ширењето на вирусот и последиците од заболувањето.

И токму во ова време на пандемија на COVID-19, преземањето на соодветни мерки во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) има и една од најважните улоги во превенцијата и спречувањето на ширењето на заразата, а со самото тоа и во заштитата на здравјето на работниците и воопшто, на целата популација. Додека светот ги брои речиси 150 милиони заболени и речиси 3.2 милиони починати од COVID-19, Македонија ги брои своите 151 илјада заразени и речиси 4.7 илјади починати граѓани. Токму сега, повеќе од било кога, е исклучително важно да ги имаме во предвид значењето и улогата на преземањето и почитувањето на мерките за безбедност и здравје при работа и постојано да ја подигнуваме на што повисоко ниво свеста за неопходноста од соодветни превентивни мерки, процедури и практики насочени кон поголема безбедност на работните места и заштита на здравјето на работниците.

При тоа, имајќи во предвид дека најважно за постигнување на успех во напорите за справување со пандемијата на коронавирусот, е заедничкото делување и активната вклученост и меѓусебна соработка на сите субјекти, на Владата и државните институции, работодавачите, работниците, научните институции, стручните здруженија,… Одбележувајќи го 28 април – Меѓународниот ден на безбедност и здравје при работа, им оддаваме почит на сите работници кои ги изгубиле своите животи или се стекнале со инвалидност во несреќи на работните места или како резултат на повреди и болести поврзани со работата.

Но истовремено, ова е и уште една можност сите чинители во областа на БЗР сериозно да размислуваме за тоа како со наши активности и залагања можеме да придонесеме кон подобрување на безбедноста на работните места и заштитата на здравјето на работниците. Треба да имаме во предвид дека во овој период постојат и категории на работници кои се соочуваат со значително зголемени ризици од пренесување и ширење на заразата со коронавирусот, поради тоа што се наоѓаат во „првите редови“ на одговор на пандемијата. Тоа се нашите здравствени работници, потоа вработените во маркетите, работниците кои работат на обезбедувањето на комунални и други суштествени услуги, работниците кои работат на места со зголемена концентрација на луѓе, полицијата и војската, инспекторите,… Мерките за контрола на ризиците е неопходно да се прилагодат на потребите на овие работници и на овие специфични работни места. Голема е почитта и благодарноста за сите работници кои и во овие услови на светска пандемија неуморно ги извршуваат своите работни задачи грижејќи се за нашето здравје и благосостојба.

Во оваа ситуација сите работодавачи е важно да ги преземаат неопходните превентивни мерки за заштита на здравјето на вработените на работните места и за превенција од пренесување на заразата, особено во услови кога се очекува постепено да се релаксираат мерките и забраните донесени од Владата и надлежните органи за заштита и превенција од корона вирусот и повторното отпочнување на деловните активности и процеси.

Исклучително е важно менаџирањето со ризиците да се прави на начин без да се загрозува постигнатиот напредок во ограничувањето на заразата и ширењето на вирусот.

Пишува: Здружение Достоинствен Работник

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи