ВИДЕО – Здравески: ЈП за ПУП распиша конкурс за идејно решение за театар за објект во туѓа сопственост

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Oд денес започнуваме со низата прес конференции и активности кои ќе бидат во насока на обелоденување на сите лажни ветувања, како и можни прекршувања на законите од страна на локалната власт предводена од СДСМ и Илија Јованоски. Во наредниот период, ќе следуваат соодветни поднесоци и пријави со кои ќе треба во интерес на вистината, да се позанимава и Обвинителството, изјави на денешната прес конференција советникот од советничката група на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Виктор Здравески.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Бидува ли до толку да не се читаат законите и да се практикува толкаво незнаење? Каков срам и блам! Илија Јованоски во 2017-та вети изградба на театар, за потоа секоја година да ги собира глумците од Прилеп лажејќи ги дека ,,од утре” ќе започне изградба на театар, иако од наша страна му беше укажано повеќе пати дека тоа не е во надлежност на Локалната самоуправа.

И покрај тоа, во 2018-та беше распишан конкурс за идејно решение за објект кој не е во надлежност на Јованоски и локалната власт, за што беа потрошени и општински пари. За туѓ објект! Центарот на култура е национална институција во надлежност на Министерство за култура. Дали е нормално досега Министерството за култура да нема побарано одговорност од Локалната самоуправа?

Врз која основа ЈП за ПУП распиша конкурс за идејно решение за објект во туѓа сопственост?

Приложете пред јавноста документ кој ви го дозволи тоа и според кој закон? Дали Владата можеби ве задолжи со одлука, или можеби тоа беше Министерството за култура?

Нашите сознанија велат дека такво нешто не постои, па оставаме простор да го докажете спротивното. Знаете дека некој ќе треба да сноси одговорност за залудно потрошени пари на граѓаните на Прилеп? За апсурдот да биде поголем, на последната седница на Советот, знаејќи дека не може и не смее да биде реализиран проектот од општината и градоначалникот, владеачкото мнозинство донесе одлука идејниот проект (проект кој во реалност не може да биде спроведен така како што го замислиле) да биде предаден на Центарот на култура.

Почитувани, законот треба да важи и ќе важи подеднакво за сите. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара! Граѓаните заслужуваат да знаат каде и на каков начин завршиле нивните пари. Бидете уверени дека правдата секој ќе го стигне!“, рече Здравески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи