Утре е Велики петок – ден на голема жалост, верниците прават три работи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Велики петок е ден на голема жалост, но сепак овој ден треба да им послужи на христијаните длабоко да се замислат за животот. Христос го дал својот живот за ние да живееме, за да нè спаси.

Велики петок е ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Но, дали ние живееме живот достоен за Христос? Дали простуваме? Дали правиме добро?

На овој голем празник, секој верник треба да ги направи овие 3 работи:

Строг пост

На овој ден се пости и тоа строго! Се јаде само леб и се пие вода. Според народното верување, на овој ден не се јаде коприва, но ни риба. Секој верник ќе го испочитува овој голем празник со пост и со молитва. На овој ден не се пали оган во домовите и не се меси леб.

Не се работи по дома и на поле

Ова е ден посветен на преиспитувањето. На Велики петок, домаќинките не готват. Овој ден е резервиран за мир, тагување, молитва и вапсување јајца. Се вапсуваат јајца цел ден, во што пошарени бои, а првото бојосано јајце се вика Божјаче (некаде познато и како ЧуварКуќа), се бои во црвена боја и се остава на посебно место една година, за да го чува домот.

Провлекување под плаштаница

На Велики петок не се служи литургија во црква, освен ако се поклопи со Благовестие. Од Велики четврток до Велигден не се огласуваат ѕвоната на црквите, бидејќи тие во православната црква се знак за радост. Плаштаницата се поставува на посебно украсена маса (Христовиот гроб), пред олтарот. Во некои краеви, обичај е верниците по бакнувањето на плаштаницата, да се провлекуваат под масата на која е положена. Според народното верување, при провлекувањето, треба да му се помолат на Бог и да замислат некоја убава желба и таа желба ќе биде исполнета.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи