Белите мантили и црните мантии треба да работат заедно – медицината го лечи телото, а црквата душата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почитуван министре, Со голема почит кон Вас и сите здравствени работници кои несебично го даваа максимумот во овие тешки времиња, но сакав да Ви укажам дека многу се разбирливи ставовите на митрополитот Петар, затоа што не се лично негови ставови, туку тоа се догматски правила за исповедање на Православнато вера за ПРИЧЕСНАТА.

Разбирливо е дека Вие не сте многу упатен во догматиката на Православието, затоа дозволете им на чуварите на Православието да го кажат тоа. ПРИЧЕСНАТА Е ХРИСТОС, ТЕЛОТО И КРВТА ХРИСТОВИ, и во тоа веруваат сите православни христијани. Доколку се смени ова учење кое е востановено и утврдено од Светите Отци, тогаш тоа нема да биде Православие туку ерес.
Затоа најучтиво уште еднаш Ви укажувам дека тоа не се лични ставови на поединец, туку на цело Православие и Ве замолувам да не наседнувате на подли провокации од луѓе, кои Ви дошепнаа оваа година на Велики Четврток Вие да ја земете улогата на Пилат и да ја распнете ПРИЧЕСНАТА односно ХРИСТОС. Како и сите православни, така и јас не можам безгласно да седам во толпата, затоа што тоа би значело како да се согласувам со тие што викаа ” Распни Го, Распни”.
Поради Христа Ве замолувам, консултирајте се со било кој Православен достојник за ПРИЧЕСНАТА, доколку Ви каже нешто спротивно, по тоа ќе го познаете дека е еретик и убаво е да го повикате јавно да се искаже.

Уште еднаш замолувам во овие глобално тешки времиња сите ние треба да се обединиме и да го поткрениме народот телесно и духовно. Значи белите мантили и црните мантии треба заедно да работат грижејќи се за телесното и духовното здравје на нашиот напатен народ, бидејќи медицината го лечи телото, додека црквата ја лечи душата и го бодри духот.

Да си го дочекаме и честитаме Христовото Воскресение достоинствено со тивка срдечна велигденска радост!

Автор: Монахиња Ана

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи