Жител на Бела Црква загина откако со својот автомобил излетал од патот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Жител на село Бела Црква загина на лице место откко со својот автомобил излетал од патот.

„На 29.04.2021 во 14.05 часот на патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани, кај место викано „Бревче“, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот“, информираат од МВР.

Притоа, возачот починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.   

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи