ВИДЕО – После 15 мај масовна имунизација во Прилеп во салата на медицинското училиште-сега се вакцинираа корисниците во старскиот дом


Во Прилеп започна вакцинацијата на штитениците на Јавната Општинска установа – Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“. Прво ќе се вакцинираат корисниците над 60 години. Од 115 корисници во домот , желба да се вакцинираат изразиле 86. Инаку досега немало смртен случај од Ковид 19 во домот, а од корона вирусот, од почеток на пандемијата, се разболел само еден штитеник, кој поминал со полесни симптоми.

 

 

„Очекуваме после празниците да бидат вакцинирани и оние корисници кои што се под 60 години. Денеска се вакцинираат со АстраЗенека. И конечно гледаме светла точка за завршување на оваа пандемија. Мислам дека успеавме да ги заштитиме штитениците. Со масовната имунизација ќе придонесеме ии кон побрзото видување со нивните фамилии, односно отворање на домот за посети“, рече Мики Крстески, директор на Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп.

Корисниците на услугите на домот велат дека во вакцините гледаат спас од оваа болест.

„Добро е што ги има овие работи, ако не се тие се гледа како е, луѓе умираат од оваа болест, треба да се заштитиме“, вели Олга Мицеска, штитеник во домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп.

 „Се помина убаво, без грешка, треба да се заштитиме“, додаде Киро Димески, штитеник во домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп.

Според надлежни само имунизацијата на населението може да го врати повторно животот во нормала.

„Колективната имунизација која што треба да се спроведе во целата наша држава ќе има успех, затоа што тоа е основа за почеток на победа на пандемијата“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку досега во Прилеп се вакцинирани 1.870 граѓани над 73 години, и тоа 1.300 од нив со вакцината на АстраЗенека, а 570 со Фајзер. Од 15 мај во Прилеп се очекува да започне масовната имунизација во спортската сала на Средното медицинско училиште.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи