Филипче најави дека ќе се вакцинира следната недела

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Сите вакцини против ковид-19 се безбедни, нема потреба да се става акцент на тоа да се бира вакцина, бидејќи сите се со еднаков квалитет, вели министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи оти ќе се вакцинира следната недела со кинеската вакцина на „Синофарм“.

„Сметам дека е сооодветно како личен пример да примам вакцина која ја има на располагање во најголема количина. Воопшто немам лична преференца, а ги следам сите стручни анализи и публикации во однос на вакцините. Каква вакцина има во пунктот во тие часови кога е предвидено да се вакцинираат граѓаните тоа да го направат, без да бидат загрижени и да размислуваат дали има предност да се вакцинираат со една или со друга вакцина“, изјави Филипче.

Во земјава вчера стигнаа 200 илјади вакцини на „Синофарм“, и со тоа имунизацијата во земјава се одвива и со „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Спутник“.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи