Се укинува роамингот за Западен Балкан

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почнувајќи од 1 јули се укинува роамингот во шесте земји од Западен Балкан, односно Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

„Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, онаа што би се потрошиле доколку ги платат тие сметки во регионот поради тарифите предизвикани од роамингот. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што е зголемен бројот на луѓе кои користат Интернет, туку сфативме и за време на пандемијата дека е зголемено количината на време што луѓето го поминуваат на Интернет, што исто така дава одредена тежина“, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Освен комплетното ослободување од цените за роаминг услуги за земјите од Западен Балкан, цел е и набрзо да дојде до драстично намалување и на крајот укинување на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи