Утре започнува вакцинација за наставниците ангажирани за матурата која почнува на 5 јуни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од утре започнува вакцинацијата на наставниците кои ќе бидат ангажирани околу полагањето на државната матура која започнува на 5 јуни. Оваа група наставници е ставена во прироритетната листа за имунизација, на барање на синдикатот, имајќи предвид дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство на учениците и наставниците.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) пред две недeли побара од Министерството за образование под итно да биде составена приоритетна листа за сите наставници кои ќе бидат ангажирани во јунското полагање на матирата и испитите.

Од Министерството за образование и наука велат дека очекуваат сите наставници да се јават на вакциналните пунктови и да ја примат вакцината во интерес на своето и на здравјето на учениците.

Наставниците кои нема да бидат ангажирани со јунските испити со физичко присуство веројатно ќе бидат оставени во групата за масовна имунизација преку пријавите на сајтот вакцинација.мк или преку матичните лекари.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи