Трет ден Велигден – најсреќниот вторник во годината, бебето кое ќе се роди денес ќе биде среќно и долговечно

Facebook
Twitter
Email
Print


Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најтешкиот и најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, односно Денот на воскресението.

Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар и најсреќен во целата календарска година.

Ако на денешен ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно.

Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат, а според обичајот треба да замислите и желба. Наводно желбата ќе се исполни, а за време на патувањето ќе ве следи среќа.

Многу свадби се одржуваат на овој ден, бидејќи се верува дека среќата и благодатот од денот ќе се пренесат и кај младоженците и нивното ново семејство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи