ВИДЕО – Локвенец: Власта повторно го остави Прилеп на маргините – нема вакцинален пункт

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Прилеп продолжува да биде заборавен од власта. Иако во другите градови започна масовната имунизација, Прилеп е оставен без пункт за вакцинација, изјави на денешната пресконференција Ирена Стерјовска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Нашиот град кој туркаше црни рекорди, по број на заразени, број на починати, централната власт повторно го остави на маргините. За нив не е значаен, иако покрива голем регион со повеќе од 110.000 жители, за жал непредвидено да биде регионален центар за имунизација. Власта по којзнае кој пат ја покажа својата негрижа за градот.

Дали властите се свесни на какви се’ трошоци го изложуваат населението кое мора да патува во друг град? Малку ли народот потроши пари за прескапи витамини и лекови во борба со оваа пандемија за накрај да се изложува на дополнителни трошоци? Дали некој размисли за можноста најстарите лица да патуваат надвор од Прилеп за да се вакцинираат и кој ризик претставува тоа по нивниот живот и здравје?

Срамно е, обучениот кадар да врши имунизација во Битола, кога имаме можности да се оспособи сала, една од многуте што ги изгради ВМРО-ДПМНЕ, и да се врши имунизација.

Животот и здравјето на нашите сограѓани е поважно од се. Очигледно власта нема сенс за тоа што е важно за граѓаните и си играат мајтап со нив. Време е граѓаните да увидат колку е неспособна власта и на следните избори да и кажат НЕ!“, рече Стерјовска Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи