Заев: Не ни треба ЕУ по цена на идентитетот и јазикот, ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека нема да ги жртвува идентитетот и јазикот доколку тоа е цената за влез во Европската унија.

„По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност“, рече Заев.

Иако Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори, тој се надева дека може да најдеме решение со привремената техничка Влада која ќе ја постави претседателот Румен Радев.

„Очекуваме да бидат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнаоѓаме решение. Проблемот е нерационален, и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Македонија да биде членка на Европската Унија и да се интегрира во меѓународните организации како што е ЕУ“, изјави Заев.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video