Николовски: 90% од правните лица пријавиле вистински сопственик

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во рамки на законскиот рок, 90 % од субјектите, односно 69.284 субјекти кои имаа обврска во Регистарот на вистински сопственици да го пријават својот вистински сопственик, тоа го направиле.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

„Зголемувањето на транспарентноста како суштински процес на демократските општества е базичен стремеж на оваа Влада и токму затоа податоците од Регистарот на вистински сопственици, од 28 април, се веќе јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар. Сега секој може на едноставен начин, да добие информација за тоа кои се вистинските сопственици на некој правен субјект, но и да провери дали и каде сѐ, некое конкретно лице се јавува како вистински сопственик“, рече Николовски.

Вицепремиерот нагласи дека во следниот период институциите треба да вршат контрола на точноста и ажурноста на овие  податоци, а постоечките правни лица ќе треба континуирано да ја пријавуваат секоја промена во сопственичката структура во рок од осум дена од нејзиното настанување.

Овој Регистар ќе биде и од помош за спроведувањето на Законот за потекло на имот.

„Со Државната комисија за спречување на корупција констатиравме дека може да води постапки само за актуелните функционери и не често се можните злоупотреби се кои се прават во делот на префрлување на имотот на други лица или враќање на имотот на свое име по завршувањето на функцијата и тука ДКСК нема широки можности и надлежности. Затоа овој закон ќе ги опфати сите за да се елиминираат можните злоупотреби да нема недопирливи и да не може некој да се богати на сметка на граѓаните“, вели Николовски.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video