Судењето за лажните пасоши започна со признавање на вина од петмина обвинети

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Петмина од обвинетите за нелегално издавање пасоши на странски државјани за случајот „Двојник“ признаа вина, на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Обвинетите Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари, денеска пред судот рекоа дека се чувствуваат виновни за делото.

Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Јавниот обвинител Спасенка Андонова, информира дека, заедно со обезбедените докази и ПИ мерки, е направен и албум со фотографии и податоци за 215 патни исправи, каде се покажува чиј идентитет е искористен за кое лице, и јасна визуелизација на тоа што е содржано во обвинението.

Судот, на почетокот на денешното рочиште, ја раздвои постапката против обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител најави признание на вина.

Адвокатот Донче Наков, информира дека поднел два лекарски извештаи и лабораториски наод, дека обвинетата Зековиќ е спречена да присуствува на судски рочишта, најмалку 7 дена.

Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.

Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.

Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video