ВМРО-ДПМНЕ: МЗ уплатило 7,8 милиони евра на фирма посредник од Хонг Конг за вакцините


Министерството за здравство на 15 февруари на посредничка фирма во Хонг Конг (Стабри интернешнл) уплатило околу 7.8 милиони долари за купување на кинеските вакцини, обвинија денес од ВМРО-ДПМНЕ, презентирајќи документи за исплатениот аванс при набавката на вакцините.

Според документот што денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ, како продолжение на случајот што го отвори италијанскиот весник „Ла Верита“, исплатата е извршена на 15 февруари 2021 година.

Од опозициската партија велат дека оваа сума е 60 отсто од вкупната што требало да ја добие посредничката компанија за да испорача 200.000 дози од вакцината на „Синофарм“ во земјава. Соодветно, пресметките на ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата влегла во зделка со која една доза од вакцината на „Синофарм“ би чинела 65 американски долари.

По јавното објавување на случајот, Министерството за здравство соопшти дека авансот е комплетно вратен, а документите за наводна посредничка фирма при купување на вакцини се лажни и дека се работи за доверлива постапка од која излегуваат податоци и документи во јавноста.

Од опозициската партија, за споредба, посоочуваат дека за новиот договор за набавка, исто така, на 200 000 илјади вакцини на „Синофарм“ се платени околу 3 000 000 американски долари (15 долари за една доза), па прашуваат дали разликата, всушност, е провизија што требало да заврши во нечии џебови. За двете уплати – онаа од 7,8 милиони долари и новата од околу 3 милиони долари има запис на порталот „Отворени финансии“, кој ги бележи сите плаќања од буџетот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи