Генералка викенд – акција за чистење на Крушево


На 7 мај во Крушево ќе се одржи генералка викенд – голема акција за чистење на градот и околината.

„Ќе го опфатиме просторот околу Гумење, спортските игралишта, старото корзо и Крушевско Езеро. Ќе го исчистиме овој предел и ќе повикаме до крушевчани и туристите локациите да останат чисти. Најавивме претходно дека по должина на патеките околу езерото ќе се постават повеќе корпи. Ги покануваме сите кои се во можност да се приклучат“, изјави ВД директорката на „Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.

Акцијата ќе започне во 10 часот во петок на Гумење, а покрај „Комуна“ и општина Крушево ќе се приклучат и основното и средното училиште. Генералка викенд е проект имплементиран од организација „Мен анд маунтин“ (Man and Mountain) со поддршка од ЕУ за тебе, Витаминка, Пакомак и други.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи