Дваесет новозаразени и двајца починати од корона во Прилеп


Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 714 оздравени пациенти од:

Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Направени се 2.928 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–0, МАНУ-147, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-253, Биотек-258, Систина-243, лабораторија Лаор-273, Синлаб-59, Ремедика-50, Плодност–47, Генеа–25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 792.

Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи