Дигитална верзија на Толковниот речник на македонски јазик – makedonski.gov.mk


Како дел од одбележувањето на Денот на македонскиот јазик – 5 мај и стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во просториите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денес беше промовирана веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонски јазик.

Толковниот речник на македонскиот јазик е еднојазичен, описен речник на македонскиот стандарден јазик. Во него е опфатен и лексикографски опишан најупотребуваниот зборовен фонд на јазикот. По обем речникот се определува на околу 100 000 зборови (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер.

Директорката на институтот,  Јованова-Грујовска, во своето обраќање нагласи дека дигиталната платформа ќе може да ја користат сите граѓани, научници, проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик. Истовремено таа додаде дека толковниот речник ќе може да се користи со пребарувач и ќе има можности за надградба.

„Нема поголема сатисфакција за еден научник од неограничената достапнатост на животното дело. Пред две години на првото чествување на денот на македонскиот јазик, посакавме достоинствени плати, возобновено финансирање на научните проекти, дигитализација на картотеките, електронско издаваштво, електронско издание на Толковниот речник и вработување подмладок. Во меѓувреме, добивме минат труд и се изедначивме со платите на професорите на Универзитетот, со МОН ја финализиравме постапката за финансирање на проекти, со Министерството за култура започнавме процес за дигитализација на картотеките на Институтот како национално богатство, на веб-страната на институтот ги објавивме сите книги од едицијата „Јазикот наш денешен“ и повеќе броеви од списанијата „Македонски јазик“ и „Македонистика“, изјави Јованова-Грујовска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи