Заев најави отворање на регионални пунктови за вакцинација во Прилеп и Велес


За време на вчерашната посета на нашата земја од страна на комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер и заедничката обиколка на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, премиерот Зоран Заев најави отворање на 2 нови дополнителни регионални вакцинални пункта, во Прилеп и Велес.

„Очекувам вакцинирањето да тече без престан. Обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и затоа апелирам до сите граѓани – пријавете се на vakcinacija.mk за да добиете термин за вакцинирање. На овој начин, со заинтересираност на населението, со обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинација, очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Владата и Министерството за здравство веќе го иницираа формирањето на дополнителни регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против КОВИД-19 во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, а многу бргу такви пунктови ќе бидат отворени и во Прилеп и Велес“, најави Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи