Преспаноска: Имам прекрасни следбеници од кои ја добивам најголемата поддршка


Инфлеунсерите го имаат најголемото внимание на социјалните мрежи. Талентот и креативноста која ја поседува нашата прилепчанка Валерија Преспаноска го освои вниманието на над 20 илјади следбеници на социјалните мрежи. Нејзините стилски комбинации преточени во фотографии и видеа не остануваат незабележани и претставуваат вистинска инспирација за младите кои сакаат да бидат во чекор со модата.

Како се справуваат инфлуенсерите со тоа што водат јавен живот и колку од нивната приватност споделуваат со нивните следбеници?  Која е мотивацијата за ваква специфична професија и како да се успее, кој е клучот за успех и пробивање низ социјалните мрежи?

„Секогаш има надеж, доколку се има добра замисла и цел во животот, за успех, само треба волја, желба, посветеност и работа. Кога станува збор за Македонија, факт е дека тука има ограничени можности и тоа понекогаш на младите им претставува пречка. Но, доколку имате јасна цел, ништо не е невозможно и се може да се постигне, но најважно е да се вложи многу труд“, порачува Преспаноска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи