Руската амбасада со честитка: Македонскиот јазик се изучува во 4 руски градови


Руската амбасада во Скопје го честиташе Денот на македонскиот јазик со соопштение дека денеска тој се изучува во 4 градови во Русија.

„Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик! Русија има многу длабоки традиции на изучувањето на македонскиот јазик. Историјата на современата македонистика во нашата земја започна уште од 1948 година. А во 1975 година македонскиот јазик за прв пат е воведен како специјалистички студии во рускиот универзитет „Ломоносов“во Москва.

Денес географијата за изучување на македонскиот јазик и култура во Русија ги вклучува не само Москва, туку и Санкт Петербург, Воронеж и Перм. А руските македонисти, како Самуил Бернштејн, Рина Усикова и други, се светски познати за нивниот значителен придонес во промовирање на македонскиот литературен јазик“, објави амбасадата.

Денот на македонскиот јазик е прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на владина седница на 16 април 2019 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи