„Тутунска Надеж“: Итно решавање на проблемот со оданочувањето на заштитната опрема од „Алијанс Уан М“, тутунарите го губат повратот на персонален данок


Од Здружението „Тутунска Надеж“-Прилеп денеска упатија барање до компанијата „Алијанс Уан М“, Управата за јавни приходи, Министерство за земјоделие шумарство и водостопанство и Министерство за здравство во кое бараат под итно да се реши проблемот со кооперантите на „Алијанс Уан М“, кои, како што тврдат, без знаење на тутунарите им уплатиле средства на име Други Приходи во Управата за јавни приходи и за истите тутунарите биле оданочени , а станувало збор за заштитна опрема (маски, ракавици ,скафандер) и за кој приход тутунарите незнаејќи го изгубиле правото на поврат на персонален данок за 2019, а истото се заканувало и за 2020 година.

„Поради проблемите кои настанаа кај тутунарите кооперанти на Алијанс Уан М, на кои без нивно знаење беа уплатувани средства на име Други Приходи во Управата за јавни приходи и за истите тутунарите беа оданочени , а станува збор за заштитна опрема (маски, ракавици ,скафандер) и за кој приход тутунарите незнаејќи го изгубија правото на поврат на персонален данок за 2019г. Бараме итно решавање на овој проблем. Со што тутунарите не би го изгубиле тоа право и за 2020 година, а кој проблем е во тек. Со самото пристигнување на Годишните даночни пријави кои веќе се генерирани на корисничките профили на тутунарите а за 2020г. изнесуваат 231 денар. Повторно на име друг приход од страна на Алијанс Уан М. Голем дел од тутунарите за 2020г. воопшто немаат подигнато заштитна опрема, но и покрај тоа тие сепак имаат друг приход за кој веќе пуштаат корекција на истата пријава.

  • Од Управата за Јавни Приходи Бараме корекциите да бидат прифатени и истите пријави да бидат коригирани.
  • Од Алијанс Уан М бараме пријавите да бидат повлечени.
  • Рокот за коригирање е до 31.05.2021г бараме почитување на тој рок
  • За секоја наредна реколта Бараме Трајно решавање на овој проблем
  • Опремата за заштита на здравјето на тутунарите при расадопроизводство и понатамошно производство задолжително да биде репроматеријал и исклучиво на товар на откупувачите
  • Заштитната опрема со која се заштитува здравјето на тутунарите не е приход кој треба да се оданочи
  • Правото на поврат на персонален данок не смее да им биде одземено на тутунарите само затоа што се заштитува нивното здравје
  • Доколку не се најде начин за решавање на проблемот Алијанс Уан М да не им ја дава таа опрема на тутунарите

Се со цел решавање на овој проблем и истиот да не продолжи и понатаму очекуваме во најкус временски период да се реши. Во спротивно тутунарите ќе бидат приморани оваа Заштитина опрема да не ја подигнуваат од Алијанс Уан М Здравјето на тутунарите како граѓани на РСМ е право загарантирано со законите на Министерството за здравство“, велат од Здружението „Тутунска Надеж“-Прилеп.

„Имено во годишните даночни пријави за 2019 година откупувачот Алијанс Уан М имаше пријавено средства на име Друг приход од 650денари кој на тутунарите им беше даден во вид на опрема за заштита на здравјето на тутунарите при употреба на хемиски средства за заштита на расадопроизводството и понатамошното производство на тутун(маски, ракавици, скафандер). Со кој друг приход тутунарите доколку го имаат го губат правото на поврат на персонален данок кој го плаќаат за продажба на сопствени земјоделски производи.

Ова право го имаат сите земјоделци кои освен приход од продадени сопствени земјоделски производи , не поголеми од 1 000 000 денари,не смеат да имаат други приходи на своите даночни пријави.

Голем дел тутунари поради овој друг приход за 2019година не остварија право на поврат на данок а сумите се движат до 17 000 денари по земјоделец кој заради заштитна опрема не успеа да си го оствари тоа право.

Минатата реколта 2020 година се случува истото. Во годишните даночни пријави на име на друг приход повторно има пријавено приход овој пат таа сума е 231денар. Веќе се генерирани даночните пријави и се пуштаат корекции. Тутунска надеж од терен доби информации дека огромен е бројот на тутунари кои не зеле опрема во 2020 година но сепак имаат друг приход на што Алијанс Уан М нема одговор. А од УЈП не препраќаат кај уплатувачот. И така се вртиме во круг а рокот за корекции е до 31.05. Доколку Пријавите не се коригираат и за 2020 година тутунарите повторно ќе немаат право на поврат на персоналниот данок.

Бараме трајно решавање на овој проблем доколку таа опрема е задолжителна тогаш да се води како репроматеријал за заштита на здравјето на тутунарите кое не смее да се оданочи со Персонален данок . Доколку не е задолжителна да не им се подметнува на тутунарите бесплатно, но оданочена на Годишните даночни пријави со Персонален данок на доход.

Тутунска надеж ги повикува тутунарите кооперанти на Алијанс Уан М да не ја подигнуваат истата таа опрема и да не потпишуваат изјави дека ја подигнале за 2021година. Се додека не се реши овој проблем“, додаваат од „Тутунска Надеж“-Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи